На 09.01.2021 во 19.20 часот при извршена контрола во угостителски објект во Дебар, сопственост на Д.С. од Дебар од полициски службеници од Полициска станица Дебар во координација со Државниот пазарен инспекторат објектот е затекнат отворен и во него имало осум лица од кои и двајца малолетници, при што лицата се лишени од слобода, а малолетниците во присуство на родител се повикани во Одделение за внатрешни работи Дебар за понатамошно постапување. По документирање на случајо ќе следат соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вчера извршија контроли и во угостителски објекти во Кичево. Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во Кичево, не ги почитувал протоколите за работа на угостителски објекти поради што, од страна на Државниот пазарен инспекторат истиот е затворен, посочуваат од МВР.
При контрола на угостителски објект во населбата Св.Стефан во Охрид синоќа во 21 часот од полициски службеници од СВР Охрид во координација со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека објектот работел после 18 часот и во него биле затекнати пет лица, при што околу 22 часот, пред угостителскиот објект бил приведен, Д.Д.(38) од Охрид, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир. Од Државниот пазарен инспекторат се преземени соодветни мерки за затворање на угостителскиот објект, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.