четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затвореници од Шутка ќе ја чистат и фарбаат скопската зоолошка

Затвореници од Шутка ќе ја чистат и фарбаат скопската зоолошка

Околу 20 затвореници од затворот „Шутка”, осудени за полесни кривични дела, ќе волонтираат во скопската Зоолошка. Нивна работа ќе биде да ја чистат, да фарбаат ограда ако треба, да помагаат при поправање на живеалиштата на животните, пренесува Вечерпресс.

За оваа соработка помеѓу КПУ „Шутка” и ЗОО Скопје, директорите потпишаа и меморандум за соработка. Уште веднаш на ресоцијализација и едукација е донесена првата група затвореници, некои од нив и првпат биле во Зоолошката.

– Проектот започна со ресоцијализација и едуцирање на осудени лица за полесни кривични дела, а понатаму ќе продолжи со волонтирање како и донации од КПУ „Шутка”. Зоолошка градина Скопје е отворена за соработка со сите државни установи и институции, велат од зоолошката.

Најнови вести