По повеќе од час и половина, Катица Јанева и полициските службеници кои ја спроведоа од нејзиниот дом, го напуштија СЈО и се очекува специјалната јавна обвинителка да биде спроведен во Кривичен суд.
Претходно, припадници на полицијата извршија претрес во домот на Јанева во Скопје.
-Се одзема службениот компјутер на Јанева од СЈО, информираше основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, која денеска побара 30- дневен притвор за Јанева.
По ова ќе следи понатамошна судска постапка.
Инаку, Јанева вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.