петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Заврши времето на партиски штабови во МВР“ – Дали дополнителната Петровска потврди дека СДСМ губи на избори?

„Времето на партиски штабови во МВР е поминато...“ – порача во дел од своето образложение на партискиот прес во Влада дополнителната министерка Петровска. Прашањето кое веднаш се постави на социјалните мрежи е дали Славјанка искрено, поради Фројдов комплекс во себе, најави декА СДСМ губи на изборите. Логиката на граѓаните е дека штом времето на партиски штабови во МВР е поминато, тогаш СДСМ мора да си замине од министерството. Проблемот е што и Славјанка Петровска, всушност, со прес конференција во Владата со изјавата се вклучи директно во ламентациите на СДСМ за т.н. враќање на „режимот“, наводни упади во НВО-а ( чии сметки законски се проверуваа, филијали кои одработуваа за СДСМ, а сега ги нема никаде или се советници во кабинетот на Заев), наводни апсења на невини студенти (кои кршеа државен имот и повредија полицајци на протестите на Илинденска ББ) и слични дејанија иницирани и контролирани од партијата на екс Бихаќка.
„Заврши времето на партиски штабови во МВР“ – Дали дополнителната Петровска потврди дека СДСМ губи на избори?

Претстојните избори се од исклучитено значење за сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска или етничка припадност, период кој носи дополнителна одговорност врз сите членови на извршната власт своите функции да ги извршуваат во интерес на јавноста.

Ова го истакна денеска на прес-конференција во владата, дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

– „Времето на партиски штабови во МВР е поминато…“, – порача во дел од своето образложение на партискиот прес во Влада дополнителната министерка. Прашањето кое веднаш се постави на социјалните мрежи е дали Петровска искрено, поради Фројдов комплекс во себе, најави декА СДСМ губи на изборите. Логиката на граѓаните е дека штом времето на партиски штабови во МВР е поминато, тогаш СДСМ мора да си замине од министерството.

Проблемот е што и Славјанка Петровска, всушност, со прес конференција во Владата со изјавата се вклучи директно во ламентациите на СДСМ за т.н. враќање на „режимот“, наводни упади во НВО-а ( чии сметки законски се проверуваа, кои одработуваа за СДСМ, а сега ги нема никаде или се советници во кабинетот на Заев), наводни апсења на невини студенти (кои кршеа државен имот и повредија полицајци на протестите на Илинденска ББ) и слични дејанија иницирани и контролирани од партијата на екс Бихаќка.

Петровска нагласи и дека МВР имало специфична структура на организационите единици, но единствена гаранција за професионално функционирање бил законски применетиот принцип на хиерархија и управување со полициските задачи.

Најнови вести