четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Завршија дел од антитерористичките проверки: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри во Скопје, хотел Мериот, Железничка…

Завршија дел од антитерористичките проверки: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри во Скопје, хотел Мериот, Железничка…

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираме јавноста.

Најнови вести