вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Завршува хуманитарната кампања „Macedonia You are a Sunflower”

Завршува хуманитарната кампања „Macedonia You are a Sunflower”

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска ќе се обрати на затворањето на хуманитарната кампања што ќе се одржи во дворот пред Универзитетска клиника за детски болести.

На свеченоста, како што информира собраниската прес-служба, ќе присуствуваат и пратениците од законодавниот дом кои се вклучија во оваа кампања за помош на децата, а ќе се обратат и министерот за здравство Венко Филипче, директорката на Клиниката Катерина Ставриќ и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Најнови вести