четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жбогар се сретна и со Силјановска Давкова

Жбогар се сретна и со Силјановска Давкова

Шефот на Делегацијата на ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар денеска, по средбата со новиот претседател Стево Пендаровски, се сретна и со Гордана Силјановска-Давкова, која на претседателските избори беше кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со Силјановска-Давкова се согласивме дека иднината на земјата е во ЕУ. Сѐ уште треба многу работа за да се внесе ЕУ во секојдневниот живот на луѓето. Јас и мојата канцеларија ќе ги поддржиме сите граѓани на Македонија да ја постигнат оваа цел, напиша Жбогар за средбата со Силјановска.

Најнови вести