Министерството за образование и наука во периодот од 14 до 16 август годинава склучило десетици зделки во четири очи за набавка на учебници.
Имено, на системот за Јавни набавки има објавено 28 договори во кои како договорен орган стои Министерство за образование и наука и во овие огласи како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка за откуп на учебници преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорите од речиси 10 милиони евра.
Министерството согласно потпишаните договори со овие фирми се обврзува дека половина од сумата ќе им биде исплатена до 30 декември годинава, а останатиот износ со ДДВ ќе биде исплатен до 30 мај 2019 година.
Упатените коментираат дека со укинувањето на советот за јавни набавки кое се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки кои се почесто се склучуваат во 4 очи. На овој начин се отвораат нови можности околу злоупотреби на целиот процес и се отвора можност за корупција.