Поштован Димче, ако ова се однесува на вчерашната седница (затоа што постот е од вчера), треба да кажеш пред граѓаните на Велес дека на дневен ред беше “Законот за Колска” со кој ќе се доведеше во прашање опстанокот на фирмата и егзистенцијата на стотина вработени кои ги хранат нивните фамилии од таа плата што ја земаат од Фабриката за шински возила – Колска, вели Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, обраќајки се до пратеникот од Левица Димитар Апасиев по објавувањето на Фејсбук статусот „ВМРО Кворумска“.
-Имено, ако не се изгласаше овој Закон, луѓето кои и така не одат на работа од 1.7 и се на 70% (веројатно и ова не го знаеше оти не те интересира) до крајот на август а после ќе следуваше стечајна постапка, ќе изгубеа се што можеше да се изгуби. Јас како велешанец сум горд што го поддржав овој закон кој ќе им обезбеди помирни денови во иднина на овие вработени, и што спречивме истите да ја доживеат судбината на моите и твоите родители за време на транзицијата. Ако имаш нешто против овие вработени кој едвај крпат крај со крај кажи, ако не обвини го Кочо Анѓушев оти он ги лажеше дека ќе ги носел во Словачка на обука и ќе им давал плати по 800€, но ако имаш барем малку срам треба да им се извиниш на своите сограѓани.
П.С. Ако ова кворумска се однесува на претходниот ден и Законот за државјанство види си го листингот и не мрчи оти фрустрациите не се лечат на Facebook, а и борбата (освен шарената) се води во институциите, додава Здравковски.