Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук му се обрати на Зеќир Рамчиловиќ и го праша јавно неколку прашања.
-Почитуван колега Зеќир Рачиловиќ , затоа што сакате да се занимавате со тоа кој што бил, немате храброст да се произнесете до крај во однос на вашите ставови, па бришете коментари, јас тука ќе Ве спомнам како што беше во веќе избришаните коментар.
Почитуван колега, бидете маж до крај и пишете кој какво државјанство има, па да лапнете една тужба за клевета, а од парите од пресудата јас и Вие заедно ќе отидеме во с. Горно Оризари и ќе ги дадеме на граѓаните сите до денар. Ќе одиме онаму каде што Вие лично лажевте и ветувавте брда и долини.
Почитуван Зекире дали знаеш дека жителите на Оризари живеат од помошта од Виена?
Дали знаеш дека улиците си ги асфалтираат сами?
Дали знаете дека нема реконструирано 1 метар канализациона или водоводна мрежа?
Дали знаете дека нема стадион ниту пренамена на старата училишна зграда?
Додека тука на фб продавате демагогии, дали знаете дека нема 5 ново вработени Оризарци во институциите иако се најбројна етничка заедница во општината после Македонците?
Дали знаете дека и нивните сточари и земјоделци имаат исти проблеми како и сите останати?
Дали не се срамите што коските на Сеад Кочан му скапуваат по затвори?
Дали знаете дека пред два дена почина човек од Горно Оризари заразен со КОВИД-19 на 55 годишна возраст?
Дали знаете дека со Вашиот глас и поддршка на оваа неспособна влада не гласавте за подобрување на условите во велешката болница, иако имаше амандман за набавка и инсталација на систем за кислородна поддршка?
Дали сте свесен дека со Вашата поддршка немаме уште вакцини и можеби бројката од 3244 починати до вчера можеби ќе беше далеку помал?
Јаден сте Зекире… Или можеби е побитно за сметка на се ова жената да биде вработена во МВР, а Вие да се палите на постови на Красимир Каракачанов кој не собра храброст да се извини на Еврејската заедница затоа што пред 78 години неговите предци испратија повеќе од 7000 Евреи во Треблинка?
Најмалку што треба да направите Зекире е да ги избришете постовите затоа што немате право Вие да зуцнете по ниеден основ од горенаведените, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Почитуван колега Zećir Ramčilović , затоа што сакате да се занимавате со тоа кој што бил, немате храброст да се…
Posted by Игор Здравковски on Четврток, 11 март 2021