четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Здравковски до власта: Немојте да се фалите многу со тие 80 денари субвенција за тутун, затоа што ем не се откупува според реалното класифицирање, ем доцнат субвенциите

Здравковски до власта: Немојте да се фалите многу со тие 80 денари субвенција за тутун, затоа што ем не се откупува според реалното класифицирање, ем доцнат субвенциите

„Денес продолжуваме со 26-тото изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој по скратена постапка. 26-то продолжение и 26-та измена затоа што досега ништо не погодивте од тоа што предвидовте. Наместо да си ги кажете кои ви се слабите страни, наместо да кажете дека немате пари затоа што ги потрошивте за неспособните Ковачевски, за неспособните двајца Ковачевски Димитар и Васко, вие сега правите некакви егзибиции за да може да се купи време“, истакна Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Здравковски додаде дека имено регулирана е исплатата на субвенциите и регулирани се сите оние земјоделски начини на помош со законски норми и досега. И сега ова воопшто не треба да го изземе извршувањето на постоечкиот закон.

„Ние сега носиме закон кој што треба да важи од наредната година односно од 01.01.2023 година. Но, во моментов гледаме дека сите земјоделци протестираат, лозари, тутунари, млекари, сточари, итн. Тие што протестираат не го чекаат новиот закон, тие само чекаат државата да ги исполни своите обврски спрема нив кои што се во постоечкиот закон“, појасни Здравковски.

Здравковски посочи дека власта вели дека земјоделството било добро, но се има факти кои што говорат спротивно од тоа што власта го укажува.

„На 22.05.2022 во крушевско протестираа тутунарите за субвенциите и тука вие ќе кажете како што претходно кажа еден колега дека за прва класа било 80 денари субвенцијата. Да, е 80 денари, меѓутоа но само еден и пол процент од откупениот тутун е проценет прва класа. Сите останати количина на тутун кои што се откупени или 98,5% се трета и надолни класи. Така што немојте да се фалите многу со тие 80 денари субвенција, затоа што ем не се откупува според реалното класифицирање, ем доцнат субвенциите“, нагласи Здравковски.

Здравковски укажа дека во Чешиново – Облешево има помалку 1.500 хектари насеани со ориз, тоа е резултат на лошите политики на власта.

Најнови вести