четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Здравковски: Македонија има убедливо највисоки цени на гасот во регионот, власта наместо да решава постојано создава проблеми

Здравковски: Македонија има убедливо највисоки цени на гасот во регионот, власта наместо да решава постојано создава проблеми

Неспособноста на СДСМ со забрзано темпо го зема цехот и удира силно по џебот на граѓаните. Неодговорноста, криминалот и лошото менаџирање од страна на СДСМ, денес добија уште една потврда, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Посочи дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ денес побара од Собранието да изгласа продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

-Наместо да решава проблеми на граѓаните, криминогениот карактер на оваа тендерско – владејачка коалиција постојано ги создава и креира, а последиците ги трпат сите граѓани на Република Македонија.
До овој хаос во снабдувањето со топлинска енергија немаше да дојде доколку арогантноста на СДСМ не беше посилна од грижата за граѓаните и одговорното работење. Подолг период алармираме дека до ова ќе дојде токму поради неспособноста на оваа власт. За жал, во 21 век кога треба да се движиме напред, ние со оваа власт се враќаме назад и тонеме се повеќе и повеќе. Имено, постојат повеќе фактори кои доведоа до оваа безизлезна ситуација во која што не втурна СДСМ. Ненавремената реакција за купување и снабдување со резерви на гас, бидејќи Владата си тераше изборни кампањи и не убедуваше дека се’ е под контрола, доведоа до тоа оваа Влада биде приморана да купува гас по енормно високи цени. Колку за илустрација, Македонија има цена од 1350 долари за метар кубен гас, а за истото Србија плаќа цена од 350 долари. Страшната разлика во цена е евидентна и таа ја плаќаме сите ние, од свој џеб. Нагласувам, Македонија има убедливо највисоки цени на гасот во регионот и за тоа не е виновен никој друг освен оваа власт предводена од СДСМ, нагласи пратеникот.

Здравковски вели дека втората причина која што доведе до ова е тоа што оваа власт 5 години апсолутно ништо не изгради од предвидените гасоводи, а дистрибутивната мрежа е далеку од готова.

-Се изнаслушавме секакви ветувања, се изнаслушавме како тоа СДСМ ќе одржи лекции и како тоа ние блескаме на секое поле. Сепак, реалноста е сосема поинаква и сега си доаѓа по своето. Уште една причина поради која што скопјани половина зима немаа парно и добија повисоки сметки е партизирањето и вдомувањето на партиските кадри и послушници на Заев и Ковачевски во ЕЛЕМ, во Одборот на директори на ГА-МА, во разни регулаторни тела, како и во уште многу други институции кои што се директно одговорни за оваа состојба на недостиг на гас. Вдомувањето и поставувањето на функции на некадарни и нестручни луѓе само поради тоа што доаѓаат од партијата на власт, резултираше со директен удар врз џебот граѓаните. На крајот, сакаме да ја информираме јавноста дека со продолжувањето на кризната состојба, индустриските потрошувачи, претпријатијата и јавните институции, за месец февруари ќе плаќаат двојно поскапи сметки во однос на јануарските. За нив, со ова продолжување, цената ќе се зголеми за дури 100 отсто. Ова се страшни податоци и ценовни шокови кои ќе придонесат за уште поголемо незадоволство кај граѓаните, како и за затворање на фирми и компании не можејќи да ги издржат овие поскапувања, посочува Здравковски.

Токму ова е резултатот од хаосот кој го создаде оваа власт. СДСМ така функционирал отсекогаш, така функционира и сега. СДСМ веќе не е партија, туку е биро за вработување кое има за цел лично богатење на сметка на граѓаните.

Најнови вести