Во рамки на кампањата „Ова е Македонија за сите“, тим предводен од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски беше во посета на Градско и Кочилари. На средбите беше посочено дека граѓаните се соочуваат со голем број на проблеми, особено во овој крај проблеми има во земјоделието.
– Разговаравме со локалните жители, ги слушнавме нивните проблеми, поголемиот дел се однесуваат на земјоделието. Ние им ветуваме дека сите оние проблеми кои се решливи ќе ги имплементираме во нашата програма. Она што навистина ги боли луѓето е неправдата која се нанесува врз голема група на граѓани поради неизбалансираност во општеството, рече Здравковски.
Здравковски нагласи дека ќе има одговорност за секој еден што се погрешил пред законот.