петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Здравковски: Во изминатиот период сите соседи ја искористија економската и меѓународната слабост на Македонија за дополнителни барања, немаме мандат за менување на Устав

Здравковски: Во изминатиот период сите соседи ја искористија економската и меѓународната слабост на Македонија за дополнителни барања, немаме мандат за менување на Устав

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски истакна дека смета дека апсолутно нема никаква потреба од уставни измени и за тоа немаат мандат од граѓаните.

„Сметаме ние дека апсолутно нема никаква потреба од Уставни измени, тоа е наша позната реторика наназад, ние добиваме мандат од граѓаните за да ја носиме Македонија таму каде што треба тоа значи подобар животен стандард, подобро здравство, образование земјоделие и тн, и аполутно нема никаква потреба од менување на уставот со дополнување на било која националност затоа што сепак во преамбулата таму каде што се наведени македонци албанци и оние останатите има и Други. Тоа други прави јасна дистинкција дека дополнително имаме други националности. Меѓу кои и Бугарите Црногорците, Хрватите и тн, кои што се дел од овој народ кој што живее во Македонија“ ,истакна Здравковски.

Здравковски додаде и дека според него во изминатиот период сите соседи ја искористиле слабоста на економски и меѓународен план на Македонија за да си ги зголемат апетитите и барањата.

„Сметам дека се искористи целата прилика во овие последни години од страна на сите соседи кои што можеа да нападнат да нападнат, целата онаа неконструктивност на претходниот реформатор во Македонија во ликот и делото на премиерот Заев, и сите ја искористија онаа слабост и на економски план и на меѓународен план за да додадат некакви дополнителни барања. Навистина јас нема против ниту Бугарите ниту било која нбационалност меѓутоа не е време затоа што покрај внесувањето гледаме и дека со пригаќањето на францускиот предлог се обврзуваме на дополнителни услови преку исполнувањето на оние член 8 и член 12 од договорот за добрососедство“, нагласи Здравковски.

Најнови вести