сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Здравковски: Во земјоделието е тотален крах, ќе се доведе во прашање опстанокот на земјоделците, но и народот нема да се прехрани

Здравковски: Во земјоделието е тотален крах, ќе се доведе во прашање опстанокот на земјоделците, но и народот нема да се прехрани

Премиере не дадовте осврт на работата на министрите, ниту сега за замениците. Кога се разрешува треба да се каже зошто се прави тоа, да се кажат причините, рече Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за разрешување на замениците министри.

Здравковски кажа дека премиерот говори многу, но не се реализира ништо од ветуваното.

„Вие кажувавте ќе сте ја зајакнале Македонија на меѓународен план, ќе имало добри соседски односи. Во текот на овие пет – шест години гледам расте и трговскиот дефицит и ние не сме конкурентни. Многу говорите“, рече Здравковски.

Пратеникот Здравковски се осврна на заменикот за земјоделие.
„Она што го направивте во земјоделието е тотален крах на системот и мислам дека во наредниот период ќе се доведе во прашање опстанокот на земјоделците, но и народот гледаме дека се помалку се инвестира во земјоделието и се помалку се бават со земјоделие“, посочи Здравковски.
Тој информираше дека од 2014 до 2021 година има пад или 32 илјади граѓани помалку кои се занимаваат со земјоделие.

„Ние со ова нема да можеме да се прехраниме. Кога се фалевте кај субвенциите велевте ќе давате 30 проценти авансно, а останатите кога ќе се предаде производот. Меѓутоа ставивте толку високи прагови што нема да бидат конкурентни, оваа маса на пари која ја предвидевте ќе можете само 30 проценти да ги искористите, а оние 70 ќе може да одат евентуално кај Љупчо“, посочи Здравковски.

Најнови вести