понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Здравствени работници ги прекинаа годишните одмори – „Борис Трајковски“ повторно се отвара за вакцинирање

Здравствени работници ги прекинаа годишните одмори – „Борис Трајковски“ повторно се отвара за вакцинирање
МИА

Вип Арената Борис Трајковски повторно ќе се претвори во пункт за вакцинација. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека овој пат нема да се користи големата сала како на почетокот на вакцинацијата.

-Имајќи го предвид притисокот во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата Борис Трајковски зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20-тина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите и редовите коишто ги имаме пред Здравствените домови, рече Филипче.

Најнови вести