Во најголемата болница во државава тешко е да се влезе или да се излезе со автомобил, со тешкотии влегуваат и амбулантните возила, пишува Здравство24.мк.
Но уште поголем проблем претставуваат и преполнетите канти со отпад и дивите депонии низ целата клиника кои станаа сврталишта на мачки и кучиња скитници. Бездомните животни си зазедоа територија, а кучињата постојано се потенцијална опасност некој пациент да биде нападнат.
Хигиената изминатиов период се чини дека беше најголемата болка на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и, што е најтрагично, лекот уште не е пронајден.
Од Министерството за здравство за проблемот со ѓубрето на Клиничкиот центар велат бараат системско решение за континуирано одржување на хигиената во рамките на клиничкиот комплекс.
И додека Филипче ветува дека ќе го реши проблемот, пациентите се дават во ѓубре секојдневно. На оваа тема незадоволните граѓани по социјалните мрежи го искажуваат својот револт и бараат одговорност од министерот, на кој се му изгледа убаво и розово од својата фотелја, стои во текстот на порталот.