среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Здружение Илинденски Коњички Марш: Најостро ги осудуваме лагите и клеветите дека наши членови нападнале крушевчанец

Здружение Илинденски Коњички Марш: Најостро ги осудуваме лагите и клеветите дека наши членови нападнале крушевчанец

Во врска со синоќешниот инцидент на Гумење во Крушево, Здружението Илинденски Коњички марш од Горно Лисиче најостро ги осудува лагите и клеветите кои беа посочени према коњаницата, дека нејзини членови нападнале крушевчанец.

-Само за ваша информација, коњаницата вчера не беше удостоена од страна на општинските власти и се бараше изговор за грешката на домаќините. Коњаниците кои со денови патуваат кон Крушево за големиот празник на Република Македонија, 2 август, со гордост го пренесуваат патриотскиот дух за непокор и обединетост на народот, а не подржуваат насилство, реагираат од здружението.

Според неофицијални информации до кои дојде Курир, ноќеска било нападнато малолетно дете од страна на 33 годишен крушевчанец. Тројца членови на здружението Илинденски Коњички марш кои случајно поминувале го заштитиле малолетникот од напаѓачот.

Најнови вести