среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Здружението ЕДУЛСЈ објави повик за набљудувачи за претстојниот референдум

Здружението ЕДУЛСЈ објави повик за набљудувачи за претстојниот референдум

Здружението за граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ Скопје објави повик за набљудувачи (волонтери) за претстојниот референдум 2018.

Како што наведуваат во соопштението, мисијата на невладината организација е со своите активности да изврши независен, непристрасен и сеопфатен мониторинг на референдумскиот процес во насока дали гласањето е во согласност со демократските процеси и дали е усогласено со правните и законските норми на Република Македонија за спроведување на референдумски процес.

Ангажманот на набљудувачите, за време на набљудувањето на денот на референдумот, треба да биде политички независен, во рамките на мотото „Мојот Глас – Мое Право“, и на ниту еден начин да не влијае на крајниот исход на референдумот. Секој од кандидатите треба лично, морално и одговорно да се обврзе дека ќе ги почитува демократските принципи, вредности и позитивните законски прописи.

За таа цел од невладината упатуваат јавен ПОВИК до сите заинтересирани полнолетни граѓани на Република Македонија да аплицираат за набљудувачи (волонтери), преку „ЕДУЛСЈ“, со што ќе имаат можност да бидат активни учесници во референдумскиот процес.

Заинтересираните кандидати, најдоцна до 20.09.2018 година треба да поднесат унифицирана пријава  на  електронската адреса [email protected].

Исто така, пријава може да се достави и лично од страна на кандидатите, на штандовите за информации кои ќе бидат поставени во повеќе градови низ Република Македонија.

Кандидатите кои ќе бидат избрани од страна на стручна комисија, за време на референдумското изјаснување на 30 септември ќе бидат ангажирани како набљудувачи (волонтери) на избирачките места каде што гласаат.

 

Најнови вести