Датумот за отпочнување на преговори со ЕУ може да влијае врз изборите, но ни приближно толку колку што СДСМ посакува,рече Арсим Зеколи во емисијата „Само интервју“.
-Тоа беше многу несреќна и бесмислена изјава, бидејќи тоа е нож со две оштрици. Ако недавањето датум е против Владата, тогаш од неговата логика испаѓа дека поддршката е смислена за да се даде поддршка на СДСМ. Не. Тоа е закажан термин во тој период и верувам дека сега ќе се даде некоја позитивна назнака од страна на ЕУ, но дали тоа се смета како завршен чин? Не, појасни Зеколи.
Зеколи додаде дека пристапот на СДСМ и на ДУИ на форсирање и на пумпање на темата на ЕУ и НАТО е потрошена приказна кај граѓаните.
-Кога секое депеше стигне од Брисел и го означувате како, еве стануваме членка на ЕУ, тоа трае до 3-ти телеграм. По 3-ти телеграм е видена приказна, истакна Зеколи.
Зеколи образложи дека ако власта го става во контекстот секојдневно, тогаш истата власт ќе е виновна ако не се добие тоа што се посакува.