Аналитичарот Арсим Зеколи со жежок коментар за очајните обиди на СДСМ за рушење на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со стари и добро познати методи на УДБА од Бихаќка.
Имено тој забележа дека првиот налет за рушење на Мицкоски бил преку обидот да се залепи етикетата анти-западен и тој обид според него веќе доживеа дебакл. Сега следува вели Зеколи, проектирање на ривалство за претседателското место на партијата и фалење на претендентите за претседателската позиција по провладините медиуми. За крај според Зеколи ќе следува серија на лажни скандали и обвинувања упатени кон Мицкоски.
Првиот налет за рушење на Мицкоски преку етикета анти-западен доживеа дебакл. Следува тактика на проектирање ривалств за тронот на партијата и нивно фалење од СДСМ медиуми. И таа осудена на пропаст. По неа следува пакирање фалш-скандали. Стара школа Удбе из Бихаќке. Прочитано, пишува Зеколи на својот Твитер.