вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Земјите од Г7 го осудија пучот, загрижени за лидерите на Мјанмар

Земјите од Г7 го осудија пучот, загрижени за лидерите на Мјанмар

Групата на седум најразвиени индустриски земји (Г7) денеска го осуди воениот удар во Мјанмар и изрази длабока загриженост за судбината на премиерката Аунг Сан Су Чи и другите притворени политички лидери.

Во соопштението на Г7 се вели дека министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД, како и високиот претставник на ЕУ, се „обединети во осудата на пучот во Мјанмар“.

„Длабоко сме загрижени за притворањето на политичките лидери и активисти на граѓанското општество, вклучително и државните советници, премиерката Аунг Сан Су Чи и претседателот Вин Минт и нападите врз медиумите“, се наведува во соопштението.

Министрите од Г7 ја повикаа армијата на Мјанмар да стави крај на прогласената вонредна состојба и да дозволи непречен хуманитарен пристап за поддршка на најзагрозените во земјата.

„Резултатите од изборите во ноември мора да се почитуваат и парламентот треба да се свика што е можно поскоро“, се наведува во соопштението.

Најнови вести