По денешниот протест на жителите на општина Другово во Кичево и искажувањето на револтот од власта која што ветила, а со години не направила канализација во општината, утре на протест излегуваат незадоволните жители од источниот регион.
Од 9 до 11 часот наутро ќе биде блокиран регионалниот пат кај Облешево.
Земјоделците ќе протестираат поради големото незадоволство од власта која три години откако е на власт не направи ништо за нив.