сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Земјоделците од Тиквешијата немаат услови за наводнување- овошните и лозовите насади се сушат (ФОТО)

Земјоделците од Тиквешијата немаат услови за наводнување- овошните и лозовите насади се сушат (ФОТО)

Жителите се револтирани и разочарани од атарот на селото Дебриште, Росоман реагираат на состојбата со наводнувањето во овој дел од Тиквешијата.

Со изградбата на регионалниот пат Градско – Прилеп растурен е каналот за наводнување во Дебриште, поточно западниот крак од каналот и се уште истиот не е направен, со што овошните и лозовите насади во овој дел се сушат поради немање вода.

Производителите на пиперка и домат поради истата причина немаат направено насади, па се приморани произведениот расад да го продаваат за да не го фрлаат.

Тие јавно прашуваат до надлежните кога ќе се заврши оваа ситуација која дополнително го уништува и онака тешкиот живот на земјоделецот во овој крај.

Најнови вести