Жена од Велес на 55-годишна возраст завчера, половина час по полноќ, се фрлила во реката Вардар во Велес.
Исчезнувањето на жената со иницијали М.К. од велешкото село Сојаклари, го пријавил нејзиниот брат Д.М (61), а подоцна е утврдено дека жената скокнала во реката од тн. Мало Мовче.
По неа или по нејзиното тело сè уште се трага. Во потрагата учествуваат полицајци, пожарникари и граѓани, а ја координира Регионалниот Центар за управување со кризи.
Поради временските услови, конкретно намалена видливост и зголемен водостој на р. Вардар, било утврдено дека условите денеска не дозволуваат друга поголема акција. Потрага по лицето се планира да продолжи во текот на утрешниот ден (02.01.2023 година), при што е побарано од страна на СВР Велес да бидат вклучени ДСЗ со својот тим за заштита и спасување на вода, а според одѕивот и можностите да се вклучат и доброволни друштва и кајакари“ – информира ЦУК.