понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен водостојот на Брегалница кај Берово

Зголемен водостојот на Брегалница кај Берово

За повеќе од шест пати во однос на вчера е зголемен водостојот на реката Брегалница на мерното кај Берово, додека нивоата на повеќето реки во земјава бележат намалување во споредба со вчерашните.

Според резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Брегалница кај Берово вчера бил 20, а денеска е 188 сантиметри, а на мерното место кај Штип има само благо зголемување од три сантиметри.

Нивоата, пак, на трите природни езера во земјава се исти како вчера. Сепак, само Дојранското Езеро има повисок водостој од просечниот за јуни и тоа за 2,6 метри, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните. При тоа, водостојот на Охридското Езеро е за два сантиметра понизок од повеќегодишниот просек за овој период од годината, а на Преспанското Езеро е понизок за дури 1,86 метри.

Најнови вести