За 46 сантиметри е зголемен водостојот на реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Нивоата на другите реки се речиси исти со вчерашните и кај најголем дел од нив се пониски од просекот за јануари.
Пониски од просечните се и водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро и тоа за 14 снатиметри кај Охридското и за 1,85 метри кај Преспанското Езеро. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,53 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.