сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен водостојот на Козјачка река во Општина Карбинци

Зголемен водостојот на Козјачка река во Општина Карбинци

Зголемен е водостојот на Козјачка река во Општина Карбинци. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека реката била зголемена кај селото Таринци, нејзино излевање од коритот немало. Посочува дека ситуацијата се следи, со цел да не дојде до поплави и причинување на штети.

-Во вчерашното невреме во делот на Плачковица ситуацијата е стабилна. Она што беше во вчерашниот ден е зголемениот водотек на реките во Карбинци, ама ние бурно ја следиме ситуацијата. Во моментот е стабилна, коритата се стабилни, немаме ризик од излевање, ќе ја следиме ситуацијата и понатаму, доколку има потреба сме на готовс да реагираме и да спречиме било каква непосакувана несреќа. Меѓутоа, природата е непредвидлива ние бурно ја следиме работата се со цел да можеме да превенираме, вели Паунов.

Тој посочи дека план и програма за превенција има, како и соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и доколку има потреба подготвени се да реагираат.

Вчера во плачковичкиот регион, кој е на територија на Општина Карбинци, гром усмрти стадо овци.

Најнови вести