четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен водостојот на Охридското, намален на Дојранското Езеро

Зголемен водостојот на Охридското, намален на Дојранското Езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро во споредба со вчера, а за исто толку е намален на Дојранското Езеро, покажуваат резултатите од последните мерења на правени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, и покрај тоа нивото на Охридското Езеро е пониско од просечното за март и тоа за 24 сантиметри. Понизок водостој за 1,98 метри од просечниот има и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,4 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и водостоите на поголем дел од реките во земјава но најчесто се блиску до просекот. Исклучок е реката Брегалница на мерното место кај Берово каде нивото е за 5,5 пати пониско од просечното.

Најнови вести