недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен водостојот на Пчиња кај Пелинце

Зголемен водостојот на Пчиња кај Пелинце

Зголемен е водостојот на реката Пчиња, кај Пелинце, покажаа мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Пчиња бележи благ пораст на водостојот откако последниве два дена има врнежи, но сепак и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според мерењата извршени утрово од Управата за хидрометеоролошки работи на мерната станица во селото Пелинце, Пчиња пораснала за 15 сантиметри последното деноноќие.

Вчера утрото биле измерени 28, а денеска 43 сантиметри.Сепак и понатаму е под просекот за овој период од годината кој изнесува 53 сантиметри.

Најнови вести