сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на остантите природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, Преспанското Езеро има за 85 сантиметри понизок водостој од просечниот за април, додека другите две природни езера имаат повисок водостој од вообичаениот за овој месец и тоа за четири сантиметри кај Охридското, односно за 3,04 метри кај Дојранското Езеро.

Понизок водостој од просечниот имаат и сите реки во земјава и најчесто бележат благо намалување во однос на вчера.

Најнови вести