Водостојот на реката Вардар е повисок на сите четири мерни места во однос на вчера. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најголемо зголемување на нивото, речиси двојно, има на мерното место кај Јегуновце, а на останатите три мерни места зголемувањето е минимално.
Сепак, водостојот на Вардар е понизок од просечниот за декември, а пониски се и водостоите на сите други реки во земјава.
Пониско ниво од просечното имаат и Преспанското и Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,62 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец.