среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемена фреквенција на Табановце, се чека до 30 минути

Зголемена фреквенција на Табановце, се чека до 30 минути

На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање е околу 30 минути.

Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница- Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Најнови вести