недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемена фреквенција на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково

Зголемена фреквенција на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково

големена фреквенција на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково на границата помеѓу Македонија и Бугарија.

Задржувањето на возилата за излез од државата е околу 40 минути, додека за влез во РСМ нема подолги задржувања, јавуваат надлежните.

Како една од причините се наведува присутвото на градежни машини на бугарскиот граничен премин кој од неодамна се реконструира и проширува.

Од почетокот на годината досега според статистиката на граничните служби на граничниот премин Делчево во РСМ имаат влезено 300.010 лица.

Поголема фреквенција за влез во државата на овој граничен премин се очекува по завршувањето на продолжениот викенд поради Денот на македонската независност.

Најнови вести