петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемени нивоата на реките

Зголемени нивоата на реките

Бранот интензивни врнежи што ноќеска ја зафати земјава, предизвика промени во хидролошката состојба. Денешните мерења покажуваат зголемени водостои на повеќето реки.

Според УХМР, нивоата на Црна кај Новаци, на Вардар кај Велес и на Крива Река се двојно повисоки од просекот за октомври.

Сепак, регистрирани се и драстични намалувања, како на Црн Дрим кај Ложани. Кај состојбата со езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, нема значителни поместувања.

Најнови вести