Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје од 2021 година се повисоки за 6,5 отсто во споредба со првото тримесечје, соопшти Државниот завод за статистика.
Трошоците за материјали се зголемени за 8,1 процент, а трошоците за вработените за 3,2 отсто.
Во второто тримесечје од 2021 година, во споредба со второто тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 12,5 отсто, трошоците за материјали за 13,7 и трошоците за вработените за 9,9 отсто. (МИА)