Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од 2022 година во споредба со второто тримесечје се повисоки за 1,7 отсто.
Според Државниот завод за статистика, трошоците за материјали се зголемени за 2,2 отсто, а трошоците за вработените за 0,6 проценти.
Во третото тримесечје од 2022 година во споредба со третото тримесечје од 2021 година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 16,2 отсто, трошоците за материјали за 14,9 и трошоците за вработените за 19 проценти.