Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јуни се бележи денеска на реката Вардар кај Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Струмица кај Сушево, на Црна Река кај Новаци, како и на Сатеска кај Ботун.
Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека единствено минимално намалување на водостојот има на реката Лепенец.
Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот.