Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јуни се бележи денеска на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања и Пелинце, на Струмица кај Сушево, на Црна Река кај Новаци, како и на Сатеска кај Ботун.
Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека единствено минимално намалување на водостојот има на реката Брегалница кај Берово.
Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот.