вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од годинава е зголемено за 4,3 проценти во споредба со првото тримесечје од 2021 година, додека продажбата на шумски сортименти изнесува 20.795 кубни метри и бележи зголемување за 18,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство,пак, е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови. (МИА)

Најнови вести