Персоналот во Психијатриската болница ,,Скопје” не може да воспостави ред во примањето на терапија од страна на пациентите. Народниот правобранител, Насер Зибери на прес-конференција ги презентираше податоците од Годишниот извештај на Национален превентивен механизам.
Народниот правобранител во текот на 2022 година двапати бил во ненајавена посета на психијатриските болници во Скопје и Демир Хисар. Како што рече Зибери, персоналот во Бардовци се соочувал со закани и напади кои бо минатото резултирале и со телесни повреди на болничкиот персонал.
-Конфликите мегу пациентите на одделението се многу чести, во одредени случаи вербалните караници резултирале и со мегусебни физички напади, а беа добиени наводи и за воспоставена неформална хиерархија меѓу пациентите на надредени и подредени. Ситуацијата е особено алармантна во попладневните и вечерните часови кога на одделението има присутно само еден медицински техничар и еден болничар, рече Зибери. Чести се и бегствата од оваа болница. Омбудсман нотира дека главната причина се лошите услови за престој, недостатокот на организирани активности и неодобрување на терапевстки викенди.
-Материјалните услови во судското одделение во Психијатриска болница „Скопје” не ги задоволуваат стандардите коишто упатуваат на потребата од создавање позитивна терапевстка средина. Потребно е итно преземање мерки за целосно реновираье на објектот со цел подобрување на материјалните услови како за пациентите така и за вработените, во смисла на создавање соодветни работни услови. Болницата нема можност да понуди широк дијапазон на рехабилитативни и терапевтски активности, па во оваа смисла беше констатирано дека само мал дел дел од пациентите се вклучени во работна терапија (шиење, перење) или во креативни работилници, нотира Зибери.