Актуелниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ќе биде единствениот кандидат на оваа партија на следниот конгрес што ќе се одржи на 27 март. Ситуација што не ги исклучува толкувањата дека албанските политички партии во земјава се султан – партии! Сепак, Села не се согласува со ова и вели дека неговиот политички субјект е еден од најлибералните и најдемократските субјекти во државата.
-Статутот на Алијанса е меѓу најлибералните и најдемократските во земјата, можете да го земете и да го проучите. АА го ограничува мандатот на партискиот претседател на два мандата, АА ја легитимира фракцијата внатре во партијата, без која до денес никој не го остварил ова право AА не анатемираше ниту еден член кој можеби кажал поинакво мислење дури и таму каде што не е местото. Јас како актуелен претседател на партијата го повикав секој член кој ќе биде и претседател на партијата да се натпреварува, да ја изрази својата кандидатура и да се натпреварува, рече Села.