четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зијадин Села: Излегуваме од Владата бидејќи се наруши договорот што го имавме со Заев

Замениците министри од редовите на Алијанса на Албанците си поднесоа оставки, пренесува Телма.
Зијадин Села: Излегуваме од Владата бидејќи се наруши договорот што го имавме со Заев

Заменик министерот за надворешни работи, Арта Точи и заменик министерот за транспорт и врски, Ремзи Мемети си поднесоа оставки.

За Телма, лидерот на Алијансата, Зијадин Села ја потврди оваа информација и рече дека тие денеска или најдоцна утре ќе ги достават до Влада оставките во писмена форма.

Тој рече дека Алијансата ќе продолжи да делува од опозиција.

„Излегуваме од Владата бидејќи се наруши договорот што го имавме со Заев“, вели Села за Телма.

„Очигледно е дека ова се прави под притисок на Али Ахмети, кој што го воспоставува истиот принцип на владеење и коалицирање како што беше и случајот кога беше премиер Никола Груевски.

Друга причина, според Села е и законот за јазиците, кој се уште не е донесен. „Ставен е на дневен ред на собраниска седница која ќе се одржи најдоцна на крајот на јануари,“ вели Села.

Најнови вести