Жител на Љуботен во изјава за вестите на Сител вели дека оваа акција која утрово ја спроведе финансовата полиција и МВР поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење со акцизна стока и царинска измама само ги вознемирило граѓаните.
Тутунот на селаните што го работат по нивните ниви тие го земаа денеска и бараат некаков си друг тутун што не е дозволен, но тој не е најден тука во селото. Така што овој тутун што е најден тука е со потта на граѓаните, селаните сами работат, не се вработени на друго место од каде ќе може да имаат финансии за живеење, ова денеска од село Љуботен го изјави жител на селото.
Тој додава дека жителите имаат свој ниви и работат само со две култури само со тутун и бостан, а ако и тоа нема да им го дозволат на нивните селани, што ќе им дозволат? Да крадат? Прашува жителот на Љуботен.
-Јас ќе кажам еден голем збор, во 2001 немаше толку полиција внатре во селово и сета оваа галама да се напрати за потта на граѓаните мислам дека не е во ред, рече тој.