На социјалните мрежи денеска масовно се споделува видео кое го снимил жител од Горно Оризади, Велес на кое се гледа и слуша како тој брка попишувач од својот двор.
Снимателот, односно жителот обвинува дека попишувачот кај него се појавил без маска и притоа не се легитимирал.
Вчера градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски на прес-конференција информираше дека на првиот ден од пописот ниту еден од попишувачите не бил вратен од домовите на граѓаните и податоците биле успешно внесени во системот, денес ова видео сведочи за конфликт помеѓу граѓанин кој треба да биде попишан и попишувач.