недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради можните тензии, обдукцијата на починатата родилка од Црнилиште откако ја откопале наместо во институт вршена во селото

Поради можните тензии, обдукцијата на починатата родилка од Црнилиште откако ја откопале наместо во институт вршена во селото

Прилепското обвинителство, по наредба, денеска изврши ексхумација на телото на почината родилка со цел да се изврши обдукција и да се утврди која била причината за смртта на родилката од село Црнилиште. Според обвинителката Маријана Илиеска обдукцијата, со мерки за заштита, е извршена на лице место за да се избегнат можни тензии, бидејќи имало отпор меѓу населението на селото Црнилиште.

Екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направиле обдукција на лице место, а Обвинителството ја побарало по допрен глас.

Триесет и тригодишната родилка од Црнилиште на 10 јануари го родила своето трето дете на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но веднаш по породувањето имала обилно крвавење, при што починала околу 4 часот изутрината на 10 јануари.

Прилепското основно јавно обвинителство ќе го очекува извештајот за натамошно постапување.

Најнови вести