СДСМ во село Љуботен на последните локални избори доби околу 1500 гласови, што впрочем беше и разликата со која победи нивниот кандидат на локалните избори во Општина Бутел.
Практично тоа беше и разликата со која ја добија локалната власт на територијата на општина Бутел. Од владејачката партија во ова село даде големо ветување, дека до 2020 година ќе изградат водоводна мрежа во село Љуботен, а ова ветување беше дадено лично од премиерот Зоран Заев.
Жителите на ова село се видно револтирани и гневни, бидејќи како што велат беа сурово излажани и јавно посочија дека СДСМ повеќе нема да добие ниту еден глас во ова село.
Единствената работа која СДСМ ја направи во ова село околу водата за пиење, е што овоие денови почна да ги чисти водените резервоари кои беа изградени од владата на ВМРО-ДПМНЕ, коментираат жителите на село Љуботен.