вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жителите на Усје излегоа на протест: Градоначалникот Темелковски не излажа, ни вети фекална канализација, но истата три години не е изградена

Жителите на Усје излегоа на протест: Градоначалникот Темелковски не излажа, ни вети фекална канализација, но истата три години не е изградена

Жителите на населеното место Усје попладнево излегоа на протест по повод неисполнетите ветувања на градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски.

-На Усје му се заканува епидемија, а причината за таа е одводната канализација која не постои во населбата, т.е примарната канализација е изградена, но не и секундарната. Градоначалникот Филип Темелковски ни вети во 2018 година дека во февруари 2019 ќе биде започнат одводот, но тоа не се оствари. За време на вториот круг на изборите исто така тој беше во најзагрозениот дел од Усје каде фекалиите малтене течат низ подрумите и улиците и ни вети дека ќе се изгради, т.е во месец август ќе биде месец во кој ќе започне изградба на канализација, а од тоа нема ништо, велат мештаните на денешниот протест.

Тие велат дека сите овие луѓе тука се собрани за да го искажат незадоволството од властите кои ги излажаа.

Револтираните жители на Усје му поставија две прашања на градоначалникот Темелковски:

-Прво, дали планира да изгради секундарна мрежа за фекална канализација во Усје?

-И ако планира кога ќе почне да ја гради и кога ќе заврши?

 

-Го замолуваме тој да ни помогне, бидејќи ни се заканува епидемија. За пошироката јавност Усје се наоѓа на само 5 километри од центарот на градот и ние живееме во субстандардни услови, а во радиус од 20 километри во Скопје сите населени места имаат канализации, освен ние, потенцираат насобраните жители.

Тие најавија и протести во иднина со радикализирање и блокирање на патот секојдневно.

Инаку КУРИР протестот го пренесуваше во живо, а дел од атмосферата можете да погледнете во продолжение.

Најнови вести