Во емисијата „Заспиј ако можеш“, вчера Љупчо Златев посочи дека власта е уплашена бидејќи има медиуми кои ги разоткриваат нивните скандали. Па затоа од паника СДСМ ги напаѓа медиумите и вели дека се антизападни и шират лажни вести.
-И јас се почувствував малку прозван во изминатите денови, но по тоа седнав и размислувам и велам добро човек што очекуваш ти, ние им го зедовме здравјето во изминатите две години. Еве само јас ги броев, таксативно имам објавено едно околу 17-18 скандали од кои за 5-6 се зборувало по недела, две дури и месец, а за некои скандали се уште се зборува. Нормално е дека СДСМ вака ќе реагира кон нас, заклучи Златев.
Златев додаде дека за пример дека и Доналд Трамп ги обвинува медиумите кои се критички настроени кон него и неговата политика. Се расправа со „CNN“, се расправа со „New York Times“, ги обвинува за ширење на „Fake News“.
-Јас немам ниту една вест која е антизападна, а ме прогласуваат за антизападен медиум, нагласи Златев.