Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судскиот процес кој Обвинителството го покрена против новинарот и уредник на порталот Лидер.мк, Љупчо Златев, за наводно оддавање државна тајна, кој најавува приложување докази во негова полза.
Златев очекуваше дека судот ќе се одважи и ќе го отфри обвинението, бидејќи самото обвинение, според него, содржи барање за цензура на слободата на изразување.
-Имавме шанса да ги поднесеме доказите на одбраната. Тоа се докази кои покажуваат дека овде практично нема дело. Еден од доказите е пресуда на Управниот суд со која практично се укинува ова поништување на безбедносниот сертификат за кое јас објавив, односно се поништува. Значи дека тоа што јас сум го објавил е веќе поништено. Не знам како може да ми се суди за оддавање на службена тајна. Но, продолжува судскиот процес, судот ни ги прифати сите докази, таму се сите докази и Конвенциите на судот во Стразбур и Европската конвенција за човекови права со кои практиќно медиумите се заштитуваат во вакви случаи. Сето тоа го поднесовме, поднесовме и листа на сведоци, истакна Златев.
Станува збор за објавен текст поткрепен со документи како докази кои покажуваат како всушност се селектираат кадри од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), односно во идната Агенција за национална безбедност (АНБ).